Сообраќајот на патиштата по суви коловози

Сообраќајот на патиштата по суви коловози

Скопје, 14 април 2018 (МИА) - Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец Велес-Катланово, на клучката Катланово уште денеска ќе се изведуваат работни активности (осветлување). Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е нормализиран за сообраќај. На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи и за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, наведуваат од АМСМ.

Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. рп/08:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ