• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Прекин на сообраќајот на патот Пршовце - Јегуновце поради асфалтирање

Прекин на сообраќајот на патот Пршовце - Јегуновце поради асфалтирање

Скопје, 28 април 2018 (МИА) - Прекин на сообраќајот денеска ќе има на патот Пршовце - Јегуновце поради негово асфалтирање, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ. рп/08:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ