• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Четворица повредени во сообраќајка кај Велес

Четворица повредени во сообраќајка кај Велес

Велес 4 мај 2018 (МИА)  - Четири лица се полесно повредени во директен судар меѓу две патнички возила со скопски регистерски таблички што се случи изутрината во седум часот кај месноста викана Ѓубриште на Штипска клучка во близина на Велес. 

Како што информира за МИА Димитар Каракулев портпарол на СВР Велес, несреќата се случила кога едно од возилата преминало на спротивната коловозна лента и дирекно удрило во другото возило.

Увид на местото на настанот врши екипа на СВР Велес и Основното јавно обвинителство од Велес.

Марина Андова, портпарол на велешката Општа болница, информира дека сите четворица повредени сo возило на итна помош околу осум часот биле донесени во болницата.

- Сите четворица со иницијали М.З роден 1996, И.С.роден 1977  и Ј.Б и Б.З беа прегледани од хирургот трауматолог д-р Филип Тодоровски, по што беа  упатени  на рентген снимање при што се констатирани полесни телесни повреди - нагмечувања. Заради превентивни здраствени мерки сите четворица се задржани на опсервација на хирушкото одделение во болницата, информира Андова.ад/са/11:32

Фото: МИА архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...