• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Сообраќајот со умерен интензитет и по суви коловози

Сообраќајот со умерен интензитет и по суви коловози

Скопје, 6 мај 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ. 

Делницата Пршовце - Јегуновце поради изведување градежни работи (асфалтирање) ќе биде затворена за сообраќај до 11 мај годинава. 

На регионалниот пат Лешок- Жилче-Шемшово, на потег од село Ратае- село Шемшово, секој работен ден и во саботите, од 10 мај до 31 мај годинава ЈП Македонијапат ќе изведува работи на пат (надоградба на коловозот). Ќе биде воспоставена забрана за сообраќај за тешки товарни возила додека останатиот сообраќај ќе се одвива по алтернативни патишта. На местата на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. мд/08:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...