Дебата за измените на Законот за вработување инвалидни лица

Дебата за измените на Законот за вработување инвалидни лица

Скопје, 7 мај 2018 (МИА) - Во македонското Собрание денеска се одржа јавна расправа во врска со измените и дополнувањата на Законот за вработување инвалидни лица, кои според предлагачите, се направени по препорака на државен ревизор, со цел поефикасно и наменско трошење средства од посебниот фонд. Претставници на граѓански организации, пак, сметаат дека измените не се суштински, делумно се спротивни на одредбите на Конвенцијата за правата на овие лица и не го решаваат проблемот со нивното вработување.

-  Предложените решенија имаат за цел доуредување на постапката за доделување средства од посебниот фонд за тие наменски да се користат, а се регулира и начинот на вршење увид, рече државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска.

Појасни дека измените и дополнувањата предвидуваат решенијата да се носат по претходно извршен увид и утврдена состојба, се допрецизираат условите за користење средства за набавка на опрема, при што новина е правното лице да не е сопственичка организациска или управувачка поврзаност со правниот субјект од кого ја набавува опремата. Исто така, се заменува категорија трговец поединец со самовработено лице, со што, како што посочи Тренчевска, овие лица се изаедначуваат со самобработените лица во системот на задолжително социјално осигурување. Се воведува и оцена на степенот на инвалидност на лицата над 26-годишна возраст заради соодветно вклучување на пазарот на трудот, односно да работат на работни места соосдветни на нивната работна способност.   

Оваа одредба е спорна и за Организацијата на работодавачи, но и за граѓанските организации.

Владо Додевски вели дека вака како што е дадена  одредбата сите инвалидни лица ќе мора да одат на рекатегоризација.

- Ние сметаме дека тоа е нерационално и нецелисходно, рече Додевски.

Елена Кочовска од Полио Плус се согласува дека овој член е спорен, кој, според неа, заедно и со неколку други членови е во спротивност со Конвенцијата за заштита на лицата со инвалидност.

- Вака поставената одредба во основа претставува чиста системска дискриминацијана инвалидните лица, рече дека Кочовска. 

Ако се сакаат промени, потенцира, тие треба да бидат посуштински. Вака, само се покажува дека имаме мало познавање за обврските што државата ги има преземено со Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност.

На денешната јавна расправа, што ја организираше собраниската Комисија за труд и социјална политика, пратеничката Слаѓана Митова реагираше на неприсуството на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Притоа, оцени дека тоа однесување е крајно неодговорно и несериозно и укажува на тоа дека Министерството не го интересираат забелешките на пратениците и граѓанските опрганизации.

По јавната расправа наскоро овие измени ќе бидат на второ читање на оваа Комисија, по што ќе се најдат на пленарна седница. сст/са/14:25

###

 

 

 

            

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...