Викендов на Водно ридско-брзински натпревар

Викендов на Водно ридско-брзински натпревар

Скопје, 8 јуни 2018 (МИА) - На Водно викендов ќе се одржи ридско-брзински натпревар, на кој се најавени 30-тина домашни натпреварувачи.

Организаторите најавуваат враќање на Водно на автомобилистичкиот календар и бодување на трката за македонскиот државен шампионат.

Двете тренинг сесии се предвидени за сабота со почеток во 10 часот, а в недела по 11 часот ќе се возат првата и втората трка.

Македонската јавност во текот на овој викенд, за првпат ќе може да го види новиот автомобил подготвен по ТЦР спецификација со кој Игор Стефановски Иџе настапува во европскиот шампионат. Љубителите, исто така, ќе имаат можност за промотивно возење. аа/са/08:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...