• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) – На грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција денеска се чека околу два часа.

На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.

На грчката граница, заедно со припадниците на грчката полиција, забележливи се и припадници на Еулекс кои ја мониторираат работата на грчките колеги, но од време на време и тие проверуваат пасоши на некои од луѓето кои ја напуштаат Грција.

За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица, нема подолго чекање.

Сепак, интензитетот на сообраќајот е зголемен особено на автопатот Е-75 кој води кон српската граница. На патарините засега нема подолго задржување, но според бројот на возилата кои сообраќаат, можно е формирање колони. јт/сд/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...