• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Скопје, 23 јули 2018 (МИА) - Сообраќајот на патот Велес - Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево,  соопшти  Автомотосојузот на Македонија. 

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници. 

Сите биле прегледани во  Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие  се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување. хс/сд/16:50

###

Фото: Фокус

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ