• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Македонска Каменица се расчистуваат патишта до селата во должина од 160 километри

Во Македонска Каменица се расчистуваат патишта до селата во должина од 160 километри

Штип, 25 jули 2018 (МИА) - Во тек е редовно чистење и целосно ставање во функција на локалните патишта во селските средини на општина Македонска Каменица.

Изминатиов период заради временските непогоди поголем број од локалните патишта, според потребите пред се на жителите во селските средини од разбиен тип, се прочистуваат и во повеќе наврати.

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова денеска изјави дека вкупната должина на исчистени земјени локални патишта во селските средини изнесува над 160 километри.

- Планираните активности во село Саса, до маало Ристовци, Сарафско маало, Аризанци, Мечкаре и Мршавелци, целосно се завршени. Прочистувањето на локалните патишта продолжува во село Цера, до маало Станчовци и маало Стамболии. Изминатата недела комплетно е завршено со прочистување на селските пристапни патишта во селата Тодоровци, Костин Дол, Луковица и Косевица, како и во делот на Стара Каменица и Грчко маало. Активностите на општина Македонска Каменица околу чистење и одржување на селските пристапни патишта, како редовна пракса ќе продолжат и во следниот период, рече Стаменкова.

Таа додаде дека дека за разлика од минатите години, оваа година на критичните ерозивни места се поставуваат одводни цевки, кои значително треба да го намалат оштетувањето на локалните земјени пристапни патишта во селските средини.

Заради специфичниот, пред се ридско-планински релјеф на општина Македонска Каменица и селски средини од разбиен тип, потребата од вакви интервентни активности на терен е постојана. Изведувач на овие градежни работи е комуналното претпријатие „Камена река“. вдј/рп/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ