Осум повредени во десетина сообраќајки во Скопје

Осум повредени во десетина сообраќајки во Скопје

Скопје, 26 јули 2018 (МИА) – Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки што се случиле во изминатото деноноќие во Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин, седум неправилно се престројувале, тројца возачи за неправилно престигнување, како и еден возач за некористење заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца возачи почетници, како и 15 нерегистрирани возила. Затекнати биле 71 непрописно паркирано возило.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.

Денеска биде одржана и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен и појас).

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „8 Март“’, објект „Зеленика“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода. гв/са/08:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...