• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

РСБСП: Возачите да не тргнуваат на пат изморени

РСБСП: Возачите да не тргнуваат на пат изморени

Скопје, 27 јули 2018 (МИА) - Заморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни несреќи. Дваесет отсто од сообраќајките што се случуваат на патиштата се поради заморот на возачите. 

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат возачите да го следат нивото на замор за да не се случи да го загрозат сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот.

РСБСП ги советува возачите да се наспијат и одморат пред патувањето. Ако тргнуваат на долг пат да изберат патишта кои имаат повеќе содржини во возењето, да испланираат места за застанување, да пијат повеќе вода за да не дојде до дехидратација, да избегнуваат течности со многу шеќер и алкохол, да јадат помлаку и да избегнуваат „тешка“ храна. 

Возачите потребно е да прават кратки паузи на секои два часа. Долгите паузи се препорачуваат меѓу 15 и 17 часот бидејќи во овој период од денот возачите се повеќе заморени. мд/са/12:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.