• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Нема чекање на граничниот премин „Богородица“

Нема чекање на  граничниот премин „Богородица“

Гевгелија, 5 август 2018 (МИА) - Само десетина минути претпладнево се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во Македонија.

Дваестина минути утрово се чекаше за излез од државата, во најголемиот налет на туристи што, исто така, се смета за нормално кога треба да се помине граница и да се направат задолжителните формалности за  проверка на документи, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.

Дежурните информираа дека состојбата е под контрола. Функционираат со три до четири сообраќајни ленти и оти поголем метеж  на „Богородица“ денеска не очекуваат.

Состојбата е слична и на спротивната страна, на граничниот премин „Евзони“, каде се чека по петнаесетина минути. им/хс/11:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ