• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Привремен сообраќаен режим во Македонска Каменица по повод „Каменичко културно лето“

Привремен сообраќаен режим во Македонска Каменица по повод „Каменичко културно лето“

Македонска Каменица, 20 август 2018 (МИА) - По повод претстојното „Каменичко културно лето 2018” во периодот од 26 до 28 август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица.

Од општина Македонска Каменица апелираат граѓаните возилата во тој период да ги паркираат во своите дворови и на уредените паркинг простори.

- Со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај од една страна и заштита од несакани штети на возилата на граѓаните од друга страна, апелираме до граѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови и гаражи или на уредените паркинг просторите во градот. Исто така, упатуваме апел особено кон помладата популација да се однесува согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред и мир, велат од општината.

Од таму упатуваат огромна благодарност за соработката и разбирањето од граѓаните, од кои очекуваат голем придонес, со што како што велат „Каменичко културно лето 2018”, ќе биде еден од најдобро организираните културни настани како во Македонија, така и пошироко во регионот. вс/рп/18:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ