Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

23 август 2018

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возило и чекање околу 15-20 минути, на останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ВРЕМЕН РЕЖИМ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период.

На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.
На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.

Подетални информации за термините прочитајте подолу во Состојба на патишта.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИЈАДУКТ ТРЕЈД информира дека од понеделник 20.08.2018 ќе се изведуваат градежни активности -Рехабилитација на обиколка на Скопје(клучка Стајковци-клучка Мирковци) возна и брза лента во времетраење од шест месеци.

Од 14.08.2018 год., во Скопје започнуваат работи на пат на две локации:
„ Геинг“ известуваат дека од 14.08.2018 год. до 3 септември, поради геодетски мерења и вадење кернови, на булеварот Партизански одреди од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“ сообраќајот ќе се одвива со времено изменет режим на сообраќај, согласно поставената сообраќајна сигнализација.
„Ескаватори-Мк“ известуваат дека од 14.08.2018 год. , ќе отпочнат со работа на реконструкција на ул. „Ацо Шопов“ од раскрсница со бул. „Илинден“ до раскрсница со Бул. „Партизански одреди“, согласно Одобрениот Времен Режим на сообраќај. На ден 18.08.2018 год. (сабота ) ќе отпочне асфалтирање на делот од раскрсницата со бул. „Партизански одреди“ до раскрсницата со ул. „Фјодор Достоевски

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево - Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

ВИАДУКТ ТРЕЈД-Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на потег Петровец - Р'жаничино, дел од регионален пат Р - 1102, Општина Петровец, Скопје во времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Гевгелија во периодот од 21.06.2018 г. до 18.10.2018 г. на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија, наплатна станица Гевгелија и обратно воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница. Измената ќе трае до завршување на градежните работи и возачите се предупредуваат да пристапуваат внимателно.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП ИЛИНДЕН - Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р - 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Известување за времена измена на режим на сообраќај. На магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 20.10.2017 год. започнаа градежни активности за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница Сарај – Групчин. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Возачите ги предупредуваме да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

АМСМ

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ