Осумнаесет мигранти повредени во сообраќајка кај Катланово

Осумнаесет мигранти повредени во сообраќајка кај Катланово

Велес, 7 септември 2018 (МИА) - Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска на автопатот Велес-Скопје, пред тунелот кај Катланово.

Според информацијата од Службата за Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом од Велес, сообраќајката се случила денеска во 13.30 часот. 

До несреќата дошло кога возачот на камиончето со церада кое ги превезувал мигрантите изгубил контрола над возилото излетал од патот.

Како што информира за МИА Слободка Ристовска од Брза помош од Велес, тие на местото на несреќата стигнале со три возила на брза помош од Велес и две возила и нивни колеги од Свети Николе.

- Сите 18 мигранти кои ги затекнавме на местото на несреќата беа со разни повреди - по главата, рацете и нозете, и по укажаната прва помош веднаш ги однесовме во Ургентниот центар во Скопје. Најголем дел од повредените беа на возраст од 30-тина години, а само двајца повозрасни, појасни Ристовска.

Информира дека од полицијата ја известиле оти возачот на камиончето побегнал од местото на настанот, а избегале и некои од мигрантите. ад/нд/20:52

Фото: МИА архива

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...