• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Катастарски услуги за фирмите и институциите само електронски од 1 октомври

Катастарски услуги за фирмите и институциите само електронски од 1 октомври

Скопје, 20 септември 2018 (МИА) - Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски да поднесуваат барања за податоци за инфраструктурни објекти и барања за промени или запишување во катастарот на инфраструктурни објекти. 

Од Катастарот денеска информираа дека ваквите барања ќе можат да се поднесуваат во хартиена форма до 1 октомври, а потоа поднесувањето ќе биде само електронски.

- Надворешните професионални корисници (геодетски фирми, надлежни министерства, општини, банки, нотари и извршители) преку апликацијата „еКат шалтер“ ќе можат да добијат имотен или евидентен лист за инфраструктурни објекти, лист за предбележување инфраструктурни објекти, да поднесат барање за запишување инфраструктурен објект, да поднесат барање за промени во податоците во катастарскиот операт на инфраструктурни објекти и катастарскиот план, истото тоа да го направат и врз основа на правни акти, да поднесат барање за запишување или бришење хипотеки на инфраструктурни објекти и други товари и ограничувања. Надворешните професионални корисници исто така ќе можат да поднесат барање за предбележување инфраструктурни објекти, исправка на техничка грешка по барање на странка, или бришење инфраструктурни објекти и на предбележани инфраструктурни објекти, појаснуваат од Катастарот.

За оваа намена подготвен е и прирачник којшто може да се најде на веб-страницата на Агенцијата (www.katastar.gov.mk). бак/са/13:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...