Притворени навивачи по финалето во Лига Европа

Притворени навивачи по финалето во Лига Европа

Лион, 17 мај 2018 (МИА) - Француската полиција уапси 21 навивач за разни прекршувања по финалето на Лигата на Европа, одиграни синоќа во Лион.

Најголем дел (18) од уапсените се се фанови на Марсеј. Повеќето од навивачите беа приведени од полицијата на стадионот или во негова близина.

Седум лица беа притворени поради користење пиротехника, четири за насилство на стадионот. Другите се притворени поради повици за немири, како и обид да втрчаат на теренот.

Три фанови беа уапсени поради предизвикување нереди во градот, а еден за носење пиштол.

Трофејот во ЛЕ го освои Атлетико по триумфот над Олимпик Марсеј со 3:0. зс/10:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.