Балотели се враќа во италијанската репрезентација

Балотели се враќа во италијанската репрезентација

Рим, 19 мај 2018 (МИА) - Марио Балотели по пауза од четири години се враќа во дресот на италијанскиот национален тим, по добивањето повик од новиот селектор Роберто Манчини.

Напаѓачот играше за четирикратниот светски шампион на Мундијалот во Бразил 2014 година, а неколку месеци потоа исто така, доби покана за учество во националниот тим, но отпадна поради повреда.

Манчини, кој работеше со Балотели во Интер и Манчестер Сити, официјално го повика голгетерот на Италија, а покрај него повика и пет нови играчи во тимот. Тоа се Емерсон Палмери, Матија Калдара, Даниеле Базели, Роландо Мандрагора и Доменико Берарди.

Италија не се квалификуваше за Мундијалот 2018 во Русија, па ќе игра контролни средби со Франција, Холандија и Саудиска Арабија. зс/19:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...