Балотели голот му го посвети на Астори (видео)

Балотели голот му го посвети на Астори (видео)

Сент Гален, 29 мај 2018 (МИА) - Повратникот во италијанската фудбалска репрезентација, Марио Балотели постигна убав гол синоќа на пријателскиот дуел со Саудиска Арабија и му го посвети на неодамна починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

- Знам дека е доцна и дека веќе си таму негде, но убеден сум дека одозгора ме гледаше заедно со мојот татко. Овој гол, иако нема некое големо значење, ти го посветувам тебе, напиша Балотели на својот Инстаграм профил.

За 27-годишниот Балотели натпреварот со Саудиска Арабија е прв во репрезентативниот дрес по пауза од четири години.

Италија победи со 2:1, а на клупата на „азурите“ дебитираше новиот селектор Роберто Манчини. зс/08:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...