• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Интер ќе и нанесе втор удар на Рома

Интер ќе и нанесе втор удар на Рома

Милано, 28 јуни 2018 (МИА) - Интер е подготвен да привлече уште еден играч на Рома во тековниот трансфер период.

По официјалното претставување на Раџа Наинголан во дресот на „неро-азурите“, сега и Алесандро Флоренци може да го смени Рим со Милано.

Италијанскиот репрезентативец не може да најде заеднички јазик со клупското раководството на „волчицата“ за нов договор, па од оваа ситуација Интер може да искористи.

Вчера претставници на Интер се сретнале со агентот на Флоренци, за да видат дали фудбалерот е подготвен да ја смени клупската припадност. 

Раководството на тимот од Милано е подготвен да му понуди на Флоренци годишна плата од четири милиони евра, што е еден милион повеќе од предлогот на Рома. вз/зс/12:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.