• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Јеро: Напаѓајте ме мене, не фудбалерите

Јеро: Напаѓајте ме мене, не фудбалерите

Мадрид, 2 јули 2018 (МИА) – Фернандо Јеро ја презема одговорноста за елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското фудбалско првенство.

Тој рече дека нема да бара алиби во фактот дека непосредно пред почетокот на Мундијалот ја доби довербата да ја врши селекторската функција и порача да не се обвинуваат фудбалерите.

- Ја прифатив одговорноста да ја водам репрезентација пред самиот старт на Мундијалот и во целост ја преземам вината за елиминацијата. Не треба да бараме виновници и да покажуваме со прст кон играчите. Мора да сме реални и свесни за ситуацијата во која се најдовме, изјави Јеро.

Додаде дека не е загрижен за неговата иднина во репрезентацијата.

- Искрено не сум загрижен. Мислам дека сега тоа не е важно, вели Јеро. зс/11:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.