• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Чави и Мартинез меѓу кандидатите за селектор на Шпанија

Чави и Мартинез меѓу кандидатите за селектор на Шпанија

Мадрид, 4 јули 2018 (МИА) - Поранешен фудбалер на Барселона, Чави, како и актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинез влегуваат во листата претенденти за нов селектор на „црвената фурија“ објави шпанската национална телевизија.

Чави од следната сезона треба да стане главен тренер на Ал-Сад. Исто така беше објавено дека тој би можел да ја предводи националната екипа на Катар.

Шпанскиот национален тим на Светското првенство 2018 доживеа елиминација во осминафиналето од домаќинот Русија.

На Мундијалот Шпанците ги предводеше Фернандо Јеро кој на позицијата беше поставен непосредно пред почетокот на СП, откако отказ доби Хулен Лопетеги, идниот тренер на Реал Мадрид.

Претходно беше објавена информација дека потенцијални кандидати за селекторското место се Кике Санчез Флорес, Мичел и Луис Енрике. зс/12:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...