• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Луис Енрике нов селектор на Шпанија

Луис Енрике нов селектор на Шпанија

Мадрид, 9 јули 2018 (МИА) - Луис Енрике е назначен за нов селектор на шпанската фудбалска репрезентација, е објавено на официјален Твитер профил на репрезентацијата.

Деталите за договорот не се соопштени.

Шпанија на Мундијалот во Русиај ја предводеше фернандо Јеро кој на селекторското место беше привремено по разрешувањето на Хуан Лопетеги.

48-годишниот Енрике во својата тренерска кариера претходно работаше во Барселона, Рома и Селта. Со Барселона го освои трофејот во Лигата на шампионите и двапати го освои шампионатот во Шпанија. зс/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.