Модриќ изразил желба да го напушти Реал

Модриќ изразил желба да го напушти Реал

Рим, 6 август 2018 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Лука Модриќ, му соопштил на клубот дека сака да ја промени средината, објави „Газета дело Спорт“. Минатата седмица италијанскиот весник објави дека за услугите на 32-годишниот играч од средниот ред е заинтересиран Интер.

Како што се тврдеше, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди на Хрватот четиригодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно.

Претходно, новиот тренер на „Кралскиот клуб“ Хулен Лопетеги ги негираше шпекулациите за заминувањето на најдобрите фудбалери на светот. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, пак, рече дека е подготвен да го продаде Модриќ за 750 милиони евра. Во исто време, медиумите објавија дека хрватскиот фудбалер би можел да стане играч на на Интер за 60 милиони евра.

Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година. Неговиот сегашен договор е до летото 2020 година.

Со Реал има освоено 14 трофеи, вклучувајќи ги и четирите од Лигата на шампионите. зс/11:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.