Пике стави крај на репрезентативната кариера

Пике стави крај на репрезентативната кариера

Барселона, 11 август 2018 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, денеска преку социјалните мрежи објави дека заврши со настапите во шпанската репрезентација.

- Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам на Барселона, објави Пике на својот Твитер профил.

31-годишниот Пике поради својот афирмативен став кон независноста на Каталонија, не беше омилен меѓу навивачите на Шпанија и често беше исвиркуван за време на натпреварите на „црвената фурија“. зс/19:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.