• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Реал нема да го ослободи Модриќ во Интер додека не го купи Ериксен

Реал нема да го ослободи Модриќ во Интер додека не го купи Ериксен

Мадрид, 15 август 2018 (МИА) - Реал е подготвен да го пушти Лука Модриќ во Интер кој веќе неколку недели се обидува да го купи хрватскиот репрезентативец.

Како што објави Скај Италија, раководството на европскиот шампион ќе го ослободи Модриќ само ако најде замена за него.

Според изворот, идеална опција за алтернатива на Модриќ е фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Сепак, Тотенхем не сака да го продаде 26-годишниот Данец за помалку од 200 милиони евра.

Пречка за овој трансфер е и завршенито летен преоден рок во Англија и неможноста Тотенхем да донесе замена за Ериксен. зс/08:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.