• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Балотели останува во Ница

Балотели останува во Ница

Ница, 21 август 2018 (МИА) – Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели ќе остане во Ница најмалку уште една сезона, објави францускиот клуб на својата официјална веб-страница.

Ова ќе биде трета сезона во дресот на Ница за 28-годишниот фудбалер.

Балотели досега има постигнато 43 голови за францускиот прволигаш.

Пред почетокот на новата сезона се шпекулираше дека Балотели ќе се врати во Италија, а имаше и најави за негова можна преселба во Премиер лигата. зс/08:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.