Мурињо уште еднаш доби поддршка од управата на Јунајтед

Мурињо уште еднаш доби поддршка од управата на Јунајтед

Манчестер, 29 август 2018 (МИА) – Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја ужива поддршката на раководството на клубот и покрај лошиот старт во Премиер лигата.

Манчестер по три рунди има два пораза и тоа е најлош почеток за тимот од „Олд Трафорд“ уште од сезоната 1992/93.

Сепак, управата на Јунајтед верува во португалскиот стручњак и очекува подобри резултати на следните натпревари.

Мурињо доби поддршка од раководството и пред дуелот со Тотенхем кој Манчестер го загуби со убедливи 0:3.

Следен противник на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата е тимот на Барнли. зс/09:45

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.