• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Марсело сака да оди во Јувентус кај Роналдо

Марсело сака да оди во Јувентус кај Роналдо

Мадрид, 29 август 2018 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело сака да ја продолжи кариерата во Јувентус, каде ова лето отиде поранешниот лидер на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо.

Според „Тутоспорт“ трансферот може да се случи летото 2019 година. Се очекува калчолигашот да плати околу 50 милиони евра за 30-годишниот Бразилец.

Претходно во печатот имаше извештаи дека агентот Роналдо, Хорхе Мендес бил заинтересиран за трансфер на бразилскиот дефанзивец во Јувентус.

За потсетување, Марсело е во Реал од 2007 година. Неговиот важечки договор со актуелниот европски шампион е до летото 2022 година.

Сегашната вредност на трансфер пазарот на Марсело, според се проценува на 60 милиони евра. зс/11:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.