• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Милан го доби дербито со Рома, два поништени гола со ВАР (видео)

Милан го доби дербито со Рома, два поништени гола со ВАР (видео)

Милано, 1 септември 2018 (МИА) – Фудбалерите на Милан ги освоија трите бода на дербито со Рома одиграно синоќа во Милано. „Росонерите“ триумфираа со 2:1 со гол постигнат во петтата минута од судиското надополнување.

Претходно во текот на натпреварот, судијата им поништи по еден гол на двете екипи по прегледување на снимката на ВАР системот кој за првпат се користеше на „Сан Сиро“.

За Милан ова беше прва победа во вториот дуел од новата сезона во Серија А.

Рома одигра три натпревари и по синоќешниот пораз има по една победа, нерешено и загубен меч.

Другите натпревари од 3.коло се играат викендов. зс/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.