Мурињо: На Роналдо му е убаво на „Олд Трафорд“

Мурињо: На Роналдо му е убаво на „Олд Трафорд“

Манчестер, 1 септември 2018 (МИА) - Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, верува дека напаѓачот Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе дојде на „Олд Трафорд“ на мечот од групната фаза во Лигата на шампионите.

- Мислам дека Роналдо сака да дојде на Олд Трафорд. Кога играше за Реал Мадрид, тој беше задоволен што дојде овде. Но, тој исто така дојде да победи. Сега тој ќе се залага за Јувентус со кого исто така сака да ја освои Лигата на шампионите. Знам дека ќе дојде на Олд Трафорд за да победи. Но, нему му се допаѓа тука. Навивачите ќе му приредат топло добредојде, рече Мурињо.

Во гупата од Лигата на шампионите, покрај Јувентус и Манчестер Јунајтед се уште и екипите на Валенсија и Јанг Бојс. зс/19:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.