Валверде: Барселона веќе имаше проблеми со новајлиите во Ла Лига

Валверде: Барселона веќе имаше проблеми со новајлиите во Ла Лига

Барселона, 2 септември 2018 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, истакна дека неговиот тим не треба да ја потценува Хуеска, со која ќе се состане вечерва во натпреварот од третиот круг на шампионатот во Шпанија.

По две рудни Хуеска има освоено четири бода.

- Противникот ќе игра без страв, па мора да бидеме внимателни. Веќе имавме проблеми со новодојдените во елитата. Хуеска ќе игра со мотив на новајлија. Таа доаѓа на мечот без пораз. Во претходните натпревари "Хуеска" покажа добар фудбал, интензивно играше, тоа е мобилен напаѓачки тим, рече Валверде.

Дуелот Барселона – Хуеска почнува во 18 часот и 30 минута на „Камп Ноу“. зс/16:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...