• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Лукаку го „спаси“ Мурињо, Вотфорд рамо до рамо со великаните

Лукаку го „спаси“ Мурињо, Вотфорд рамо до рамо со великаните

Лондон, 2 септември 2018 (МИА) – Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз.

По четири рунди Јунајтед е на средината на премиерлигашката табела со половичен ефект од две победи и два пораза.

Затоа пак со изненадувања продолжи тимот на Вотфорд кој славеше победа на дуелот со Тотенхем со 2:1. Токму Спарс во минатото коло го „понижија“ Манчестер на „Олд Трафорд“, но денес се „лизнаа“ кај на теренот на незгодниот ривал.

Вотфорд со максимални 12 бода е на делба на првата позиција заедно со големите имиња на англискиот фудбал, Ливерпул и Челзи. зс/19:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.