• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Меси: Дојде време да го освоиме трофејот во ЛШ

Меси: Дојде време да го освоиме трофејот во ЛШ

Барселона, 3 септември 2018 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси во пресрет на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите, изјави дека неговиот тим има амбиции оваа сезона да го освои трофејот од елитното натпреварување.

-Мораме да ја освоиме Лигата на шампионите. Имаме одличен тим. Време е за такво нешто. Три сезони по ред испаѓаме во четвртфиналето. Сега атмосферата во тимот е одлична. Радува фактот дека играчите се решени да го дадат максимумот. Тимскиот дух е на високо ниво и тоа се чувствува кај сите нас, изјави Меси.

Барселона е во група со Интер, Тотенхем и ПСВ Ајндховен. зс/14:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.