Бразилецот Роналдо нов сопственик на Ваљадолид

Бразилецот Роналдо нов сопственик на Ваљадолид

Ваљадолид, 3 септември (Танјуг) - Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио де Лима стана главен сопственик и претседател на шпански Реал Ваљадолид, објавено е на веб-страницата на клубот.

Поранешниот напаѓач Барселона и Реал Мадрид купи 51 отсто од акциите на клубот за 30 милиони евра и го наследи Карлос Суарез Суреду, кој ќе остане во одборот на клубот во таа улога.

Во јануари оваа година, Роналдо изрази желба да купи клуб од друга шпанска или англиска лига, но тој сепак го избра Ваљадолид.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата кои два пати го освои Мундијалот со Бразил (1994 и 2002 година), до 2016 година беше сопственик на американскиот клуб Форт Лодердејл.

Роналдо со голем успех играше во Реал Мадрид, Барселона, Интер, Милан, ПСВ и два клуба од земјата Крузеиро и Коринтијанс, каде што ја заврши кариерата.

За репрезентацијата на Бразил, тој има 98 настапи и постигна 62 гола. зс/14:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...