• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Роналдо, Модриќ и Салах во конкуренција за најдобар играч на ФИФА

Роналдо, Модриќ и Салах во конкуренција за најдобар играч на ФИФА

Цирих, 3 септември 2018 (МИА) - Кристијано Роналдо од Јувентус, Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул се тројцата фудбалери кои влегоа во потесниот избор за најдобар играч на светот за 2018 година во избор на ФИФА.  

Првпат по 12 години меѓу тројцата кандидати за „Златната топка“ го нема капитенот на Барселона и петкратен освојувач на оваа награда Лионел Меси.

Претходните две години оваа престижна награда ја освои Роналдо, кој доколку ја освои и годинава ќе стане рекоредер со вкупно шест награди. 

Во конкуренцијата за најдобар тренер се најдоа селекторите на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, и на француската репрезентација, Дидије Дешан, и доскорешниот тренер на европскиот шампион Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одржи на 24 септември на свеченост во Лондон. дб/ми/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...