• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Хенди: Кавај Ленард е подготвен за новата сезона

Хенди: Кавај Ленард е подготвен за новата сезона

Торонто, 3 септември 2018 (МИА) - Кавај Ленард е во одлична форма и е подготвен за почетокот на новата сезона, соопшти помошниот тренер на Торонто рапторс, Фил Хенди.

Ленард во Торонто ќе пристигне на крајот од септември кога тимот започнува со подготовките.

- Добро му оди и е во одлична форма. Напорно работи и не постојат причини за проблеми. Играчите како него сакаат да се натпреваруваат. И покрај нештата кои му се случија во екипата на Сан Антонио спарс, Ленард гледа само во она што следи и сигурен сум дека ќе го даде максимумот следнава сезона во дресот на Рапторс, истакна Хенди.

Ленард минатата сезона имаше сериозна повреда поради што одигра само девет натпревари за Спарс, a летово беше заменет со Рапторс.

Првиот натпревар тимот од Торонто ќе го одигра на 29 септември против Портланд блејзерс.дб/ссм/19:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ