• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Манчини: Најважнo е да функционираме како тим

Манчини: Најважнo е да функционираме како тим

Рим, 3 септември 2018 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, истакна дека е возбуден што неговиот тим конечно ќе почне да се натпреварува.

Манчини репрезентацијата на Италија ја презема по неуспехот на квалификациите за Светското првенство во Русија, а претстојните настапи во Лигата на нациите за него ќе бидат први официјални натпревари.

- Возбуден сум што конечно почнува. Верувам дека ќе биде се во ред. Најважна работа е што побрзо да функционираме како тим, истакна Манчини.

Италија првиот натпревар во Лигата на нациите го игра дома на седми септември против Полска, додека три дена подоцна ќе и гостува на Португалија. дб/ссм/21:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ