Меси: Реал е послаб без Роналдо

Меси: Реал е послаб без Роналдо

Барселона, 4 септември 2018 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека Реал Мадрид е послаб без Кристијано Роналдо.

- Реал е меѓу најдобрите екипи во светот, но евидентно е дека се ослабени со одењето на Роналдо. Искрен да бидам се изненадив од неговиот потег да го напушти Мадрид. За него секогаш има заинтересирани клубови, но во секој случај замина во добар клуб, вели Меси.

Португалецот во летниот преоден рок замина во италијанскиот шампион Јувентус и најави атак кон трофејот во Лигата на шампионите.

- Со неговиот ангажман, секако Јувентус е еден од фаворитите за тронот во елитното натпреварување, смета ѕвездата на Барселона. зс/09:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.