Реал против Гвадалахара или азискиот шампион во полуфиналето на СП

Реал против Гвадалахара или азискиот шампион во полуфиналето на СП

Абу Даби, 4 септември 2018 (МИА) - Фудбалерите на Реал Мадрид одбраната на трофејот на Светското клупско фудбалско првенство ќе ја почнат од полуфиналето.

Противник на европскиот првак во дуелот за финалето на СП ќе биде поуспешниот од мечот меѓу мексиканската Гвадалахара и азискиот шампиони.

Турнирот, исто како и минатата година, ќе се игра во Обединетите Арапски Емирати и ќе биде отворен со натпреварот меѓу домаќинот Ал Аин и Вилнгтон од Нов Зеланд.

Победникот од овој меч ќе се сретне со африканскиот шампион, а потоа во полуфиналето со првакот на Јужна Америка.

Светското клупско првенство во ОАЕ ќе се игра од 12 до 22 декември. зс/11:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.