• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Осорио нов селектор на Парагвај

Осорио нов селектор на Парагвај

Асунсион, 4 септември 2018 (МИА) - Колумбискиот фудбалски стручњак Хуан Карлос Осорио е новиот тренер на националниот тим на Парагвај, објави Фудбалската асоцијација на јужноамериканската држава.

Досегашниот селектор на Мексико има задача со Парагвај д аизбори учество на Мундијалот во Катар во 2022 година, по неуспехот за пласман на СП 2018 во Русија.

Осорио на Мундијалот во Русија со селекцијата на Мексико, стигна до осминафиналето каде што беше елиминиран од Бразил, а потоа не сакаше да го продолжи договорот.

Желба да го видат на клупата на својата репрезентација покажаа САД и Колумбија, но Парагвај успеа да го ангажира.

Во клупскиот фудбал Осорио работел и во Сао Паоло, Атлетико Национал, Њујорк Ред Бул и Чикаго Фајер. зс/13:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.