• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Данска со аматери ќе ги замени фудбалерите што бојкотираат

Данска со аматери ќе ги замени фудбалерите што бојкотираат

Копенхаген, 4 септември 2018 (МИА) – Во фудбалската репрезентација на Данска ќе бидат повикани играчи од мал фудбал и од пониски лиги доколку селектираните останат на намерата да бојкотираат.

Како што објавија тамошните медиуми, Фудбалската федерација на Данска има конфликтна ситуација. Репрезентативците одбиле да играат поради незадоволството од договорите со федерацијата.

Фудбалерите бараат партнерски однос околу одлучувањето за правата играчите. Тие имаат други договори, лично и со клубови, поради што постоеше конфликт на интереси.

Додека проблемот не е решен, данскиот национален тим не може да се формира за скорешниот пријателски натпревар со Словачка и дуелот во Лигата на нациите со Велс.

Затоа, федерацијата планира да привлече играчи од мал фудбал и од пониски лиги кои не го поддржуваат бојкотот и нема да имаат маркетиншки обврски. зс/14:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.