Пелегрини ќе земе 15 милиони фунти ако Вест Хем го отпушти

Пелегрини ќе земе 15 милиони фунти ако Вест Хем го отпушти

Лондон, 4 септемвр 2018 (МИА) - Отпуштањето на менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини може да го чини клубот сериозна сума, објавија британските медиуми.
 
Според „Тајмс“, износот на компензацијата предвиден во договорот изнесува 15 милиони фунти. При потпишувањето на договорот, клубот не можеше да постигне договор за отстранување на оваа точка. Доколку страните не постигнат договор за понизок надоместок, компензацијата ќе мора целосно да се исплати.
 
Вест Хем ги изгуби сите четири натпревари од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и се наоѓа на последното место. Во моментов, стратегот од Чиле останува на чело на тимот. вз/15:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...