• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Ирска дел од кандидатурата на Велика Британија за СП 2030

Ирска дел од кандидатурата на Велика Британија за СП 2030

Даблин, 4 септември 2018 (МИА) - Ирска најверојатно ќе биде дел од кандидатурата на Велика Британија, заедно со Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска, за организација на Светското првенство во 2030 година.
 
Ирска ќе се обиде да се вклопи во прифаќањето на Мундијалот со „Авива“ стадионот, кој собира 51 илјади гледачи и „Крок Парк“ во Даблин, со капацитет 82.000.
 
До моментов, Англија еднаш била домаќин на најголемиот фудбалски собир во 1966 година. Тогаш земјата ја освои и титулата.
 
Гласањето за избор на домаќин на Светското во 2030 година ќе се одржи во 2022 година. Велика Британија ќе се бори со заедничката кандидатура против Аргентина, Уругвај и Парагвај, кои, пак, сакаат преку освојувањето на шампионатот, да ја одбележат 100-годишнината од првиот Мундијал. Тогаш е домаќин на Уругвај.
 
Други можни кандидатури се оние на здружените земји од Северна Африка - Тунис, Алжир и Мароко, како и онаа на Кина. вз/15:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ