Луис Енрике со прва забрана за репрезентативците на Шпанија

Луис Енрике со прва забрана за репрезентативците на Шпанија

Мадрид, 4 септември 2018 (МИА) - Новиот тренер на Шпанија Луис Енрике од првиот ден им на покажа играчите дека ќе управува со тимот со цврста рака. Во кампот на тимот тој им рекол на играчите дека забранува да влезат во трпезаријата со своите мобилни телефони, пренесе „Спорт“.

За време на појадок, ручек или вечера, оние кои ги носат своите телефони со себе мора да ги остават на влезот. Луис Енрике и неговиот штаб ќе им дадат пример на играчите, најпрво оставајќи ги своите телефони надвор.

Поранешниот ментор на Барселона има за цел да го поттикне дијалогот помеѓу играчите, за да можат да ги искажат своите мислења и да се одморат повеќе. вз/цч/17:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...