Мората призна: Сакав да си заминам од Челзи ова лето

Мората призна: Сакав да си заминам од Челзи ова лето

Лондон, 4 септември 2018 (МИА) - Напаѓачот на Челзи Алваро Мората (25) призна дека посакал ова лето да го напушти клубот од Лондон. Шпанецот бил разочаран од фактот дека не беше повикан во тимот за Светското првенство во Русија.

- Ова лето беше тешко за мене. Мислев дека ќе го напуштам Челзи. Сакав да се вратам во Шпанија или Италија. Јас се преселив во Челзи за да учествувам на Светското првенство, но не најдов место во репрезентацијата. Минатата сезона беше целосна катастрофа за мене. Излегував на теренот и не знаев каде сум, изјави Алваро Мората пред „Скај Спортс“.

Мората премина во Челзи летото 2017 година. Минатата сезона тој одигра 48 натпревари и постигна 15 гола. вз/цч/17:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...