• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Легендарниот инженер Пет Фрај се враќа во Мекларен

Легендарниот инженер Пет Фрај се враќа во Мекларен

Бракли, 4 септември 2018 (МИА) - Поранешниот главен инженер на Мекларен Пет Фрај се враќа во славниот британски тим кој го доживува најтешкиот период во својата историја.

Фрај работеше во Вокинг од 1993 до 2010 година и помогна за освоените титули во Формула 1 со Мика Хакинен и Луис Хамилтон. По овој успешен период, 54-годишниот Британец премина во тимот на Ферари, откако работеше во Скудерија на различни раководни позиции до 2014 година.

Шефот на тимот, Зак Браун прави се што може за да врати искра надеж дека во наредните години Мекларен има сили да се врати на победите и да започне да сонува повторно за светски титули во Формула 1.

Во 2019 година за Мекларен ќе се натпреваруваат двајца нови пилоти: Карлос Сајнц, кој стекна искуство по годините поминати во Торо Росо и Рено и дебитантот Ландо Норис. Токму кон 18 годишниот британски талент се насочени сите надежи за откривањето на новиот Луис Хамилтон.

Повлекувањето од Формула 1 на крајот на годината на големата ѕвезда на тимот, Фернандо Алонсо остава многу прашања, но и дава можност за радикална промена. А во Мекларен имаат потреба за промена повеќе од било кога во историјата, имајќи предвид дека не освоиле Гран При победа од 2012 година. вз/цч/18:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...

Парче килибар тешко 1,8 килограми пронајдено во Калининград

Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во ...