• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Нејмар со јасна порака до Ливерпул

Нејмар со јасна порака до Ливерпул

Париз, 4 септември 2018 (МИА) - Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар да Силва одлучи уште отсега да стартува психолошката војна против Ливерпул, со кој ПСЖ е во иста група во Лигата на шампионите. 
 
Најскапиот фудбалер даде своја прогноза за новата сезона во Премиер лигата, откако тој не ги смести „Црвените“ во топ  четири на Англија.
 
- Кој ќе победи? Леле, тоа е незгодно. Ќе биде многу, многу тешко, но Манчестер Сити ќе победи. Манчестер Јунајтед ќе заврши втор, а трет ќе биде Челзи. Четвртото место ќе биде за Тотенхем, истакна Нејмар одговарајќи на прашањето како ќе заврши англиското првенство во сезоната 2018/2019.
 
Ѕвездата на Барселона, Жерар Пике, кој исто така беше на настанот, го изрази своето одушевување пред Нејмар дека го оставил тимот на Јирген Клоп надвор од битката за титулата. Но, Бразилецот беше категоричен: „Не, без Ливерпул“.
 
ПСЖ и Ливерпул ја отвораат својата кампања во групата „Це“ на Лигата на шампионите, еден против друг на „Енефилд“. Натпреварот е на 18 септември, а реваншот во Франција е на 28 ноември. вз/ми/18:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ