Еклстоун: Алонсо не е меѓу најдобрите пилоти во историјата на Ф1

Еклстоун: Алонсо не е меѓу најдобрите пилоти во историјата на Ф1

Берлин, 4 септември 2018 (МИА) - Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклестон, смета дека лошите одлуки на патеката го спречуваат Фернандо Алонсо да биде меѓу најголемите во историјата на спортот.

- Тој е, секако, еден од најдобрите возачи, но понекогаш прави погрешни одлуки. Во однос на други области на животот, дефинитивно не е меѓу најдобрите. Стирлинг Мос никогаш не стана светски шампион, но тој беше еден од најголемите, изјави 87-годишниот Британец за германскиот весник „Билд“.

Се разбира, Алонсо продолжува да биде сакана од многу фанови на Ф1, особено во неговата родна Шпанија. Неговиот 23-годишен сонародник Карлос Сајнц, кој ќе го замени во Мекларен, смета дека заминувањето на Фернандо во Индикар ќе наштети на Формула 1.

- Постојат фанови кои ќе се насочат од Ф1 кон Индикар, но мислам дека благодарение на него има многу фанови на Формула 1 во Шпанија. Јас ќе сторам се за да остане така, изјави Сајнц. вз/ссм/20:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...