Серена преку Плишкова до полуфиналето на УС Опен

Серена преку Плишкова до полуфиналето на УС Опен

Њујорк, 5 септември 2018 (МИА) – Американската тенисерка Серена Вилијамс избори полуфинале на Грен слемот во Њујорк, откако ноќеска ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-0.

Вилијамс првиот сет го доби со 6:4, а вториот со 6:3.

За 37-годишната Американка ова е 36. Грен слем полуфинале.

Следна пречка на патот до седмата титула на УС Опен, на Вилијамс ќе и биде Анастасија Севастова од Летонија. зс/08:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.